октомври 7, 2024

МВР информира дека вчера во 12 часот во СВР Тетово, 28–годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1.350 евра.

Според пријавеното, на 25.05.2024 на социјална мрежа тој се договорил со лицето да купи работна машина – багер од него, по што на 10. и 11. овој месец ги уплатил парите.

Како што е пријавено, пред да го пријави настанот, се слушнал со лицето кое му кажало дека машината е на царинска испостава во Тетово, а откако отишол таму бил известен дека таков предмет нема, по што лицето веќе не било достапно и сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK