ноември 23, 2024

Најлоши последици во однос на човечките загуби беа поплавите во Пакистан од јуни до септември, за кои научниците утврдија дека се многу поверојатни поради климатските промени, предизвикувајќи 1.739 смртни случаи и раселени седум милиони луѓе.

Секоја од десетте најскапи бури, поплави и суши во 2022 година чинела најмалку 3 милијарди долари во „уништувачката“ година на првите линии на климатските промени, покажува извештајот.

Кристијан Ејд ги издвои најлошите катастрофи поврзани со климата оваа година, бидејќи светот доживува сè посилни бури, поројни дождови и суши предизвикани од зголемувањето на глобалните температури како резултат на човековата активност.

Тие вклучуваат бури и суша во Британија и Европа, заедно со големи настани на сите населени континенти.

Ураганот Иан имаше најголемо финансиско влијание – од 100 милијарди долари – кога ги погоди САД и Куба во септември. Во ураганот загинаа 130 луѓе, а повеќе од 40.000 се раселени, според извештајот на хуманитарната агенција.

Поплавите однесоа повеќе од 1.700 животи

Најлоши последици во однос на човечките загуби беа поплавите во Пакистан од јуни до септември, за кои научниците утврдија дека се многу поверојатни поради климатските промени, предизвикувајќи 1.739 смртни случаи и раселени седум милиони луѓе. Поплавите чинат 5,6 милијарди долари, иако тоа се само осигурани загуби и се проценува дека всушност чинат повеќе од 30 милијарди долари, истакнуваат од Кристијан Еид.

Извршниот директор на агенцијата, Патрик Ват, рече: „Десет изолирани климатски катастрофи во изминатата година, од кои секоја чини повеќе од три милијарди долари, укажуваат на финансиската цена на неактивноста во борбата против климатската криза. Но, зад бројките од долари стојат милиони приказни за човечки загуби и страдања“, нагласи тој.

„Без големи намалувања на емисиите на стакленички гасови, овој човечки и финансиски данок само ќе се зголеми“, предупреди Ват.

Десетте најскапи катастрофи

Според извештајот, ова се десетте најскапи климатски катастрофи во 2022 година во однос на осигурените штети:

Февруари: Бура Јунис во Белгија, Германија, Ирска, Холандија, Полска и Велика Британија, 4,3 милијарди долари;

Февруари-март: поплави во источна Австралија, 7,5 милијарди долари;

Април: поплави во КваЗулу Натал и Источен Кејп, Јужна Африка, три милијарди долари;

Јуни до септември: поплави во Пакистан, 5,6 милијарди долари;

Јуни до септември: поплави во Кина, 12,3 милијарди долари;

Јуни до септември: европска суша, 20 милијарди долари;

Септември: ураганот Фиона, Карибите и Канада, три милијарди долари;

Септември-октомври: ураганот Иан, во Куба и САД, 100 милијарди долари;

Цела година: бразилска суша, четири милијарди долари.

Цела година: кинеска суша, 8,4 милијарди долари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK