октомври 7, 2024

Двајцата највозрасни играчи на овогодинешното Европско првенство во Германија доаѓаат од Португалија.

За шампионите од 2016 година игра Пепе, кој на 26 февруари наполни 41 година. Дефанзивецот на Порто повторно го најде своето место во националниот тим.

Второто место на листата на најстари му припаѓа уште еден Португалец, Кристијано Роналдо, кој на 2 мај го прослави својот 39-ти роденден. За Роналдо ова е шесто последователно континентално првенство во кое учествува.

Лука Модриќ е малку помлад од Роналдо. Хрватскиот репрезентативец на 9 септември ќе наполни 39 години.

На листата на десет најстари се и: Шпанецот Хесус Навас (роден 21.11.1985), Грузиецот Гиорги Лорија (27.01.1986), Германецот Мануел Нојер (27.03.1986), Французинот Оливие Жиру (30.09.1986), Словакот Петер Пекарик (30.10.1986), Данецот Каспер Шмајхел (11.05.1986) и Словакот Јурај Куцка (26.02.1987).

Европското првенство започнува вечерва со натпреварот меѓу Германија и Шкотска од 21 часот.

The post „Дедовците“ Пепе и Роналдо се најстарите фудбалери на ЕУРО 2024 appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK