октомври 7, 2024

ЦУК: Утрово во 7.35 часот на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица во Маврови Анови.

Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги извести Националниот Парк Маврово и МВР. Ренџерски тим од НП Маврово веднаш се упатил кон заглавеното мече а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО Маврово заради обезбедување на местото на настанот.
Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното мече кое најверојатно од страв се качило на дрвото и се сокрило во гранките.

Откако ренџерите ги избркале кучињата, мечето само се симнало од дрвото и отрчало кон блиската шума.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK