октомври 7, 2024

Парис Хилтон деновиве се фотографираше со својот едногодишен син Феникс.

Фотографите ги уловиле додека пазареле во Њујорк, а Парис спремно им позирала. Цело време го држела својот син во раце.

„Драго мое дете, ти си повеќе од остварување на сонот. Ти го правиш мојот живот комплетен. Секој ден со тебе е бесценет подарок и јас сум бескрајно благодарна што сум твоја мајка“, напишала Парис еднаш на Инстаграм во објавата посветена на нејзиниот син.

Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум добија син со помош на сурогат мајка. Феникс е првото дете на Парис, додека нејзиниот сопруг Картер Реум веќе има ќерка (10) со реалити ѕвездата Лаура Белизи.

Парис и Картер се венчаа во ноември 2021 година. Тие беа пријатели 15 години пред да започнат врска во 2019 година, а само три месеци подоцна се верија.

The post Парис Хилтон привлече внимание во Њујорк, беше на шопинг со синот Феникс appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK