Кошаркарите на Пелистер дојдоа до осмата победа во деветиот меч сезонава во Првата лига, откако вечерва без поголеми проблеми како гости со совладаа Феникс (73-60).
Битолчани веќе во првите минути со серија 11-2 дојдоа до првото поубедливо водство (16-9), кое не го испуштија до самиот крај. Зелено-белите во неколку наврати имаа предност и со 14 поени разлика, што доволно говори дека бодовите ги освоиле лесни и убедливо. Мала дамка на мирниот меч донесе потегот на Сеад Хаџифејзовиќ во финишот од средбата, кога во борба за позиција со лакт буквално го нокаутира македонскиот репрезентативец, Амар Хот.