октомври 7, 2024

По повод Денот на татковците во Велика Британија, на Инстаграм профилот на принцот и принцезата од Велс е објавена фотографија направена од Кејт Мидлтон.

„Те сакаме, тато. Среќен ден на таткото“, стои во описот на фотографијата на која принцот Вилијам ги гушка своите деца Џорџ, Шарлот и Луис на плажа.

Фотографијата е направена оваа година од принцезата од Велс.

Инаку, Кејт викендов за прв пат се појави во јавноста откако објави дека има рак.

Принцезата од Велс присуствуваше на традиционалната парада Trooping the Color, придружувана од нејзините деца и принцот Вилијам. Trooping the Color ја одбележува роденденската забава на монархот, а принцезата учествуваше во поворката со кочија со своите деца.

The post Објавена нова фотографија направена од Кејт Мидлтон: „Те сакаме тато“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK