октомври 7, 2024

На 17.06.2024 околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција, велат од МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK