октомври 7, 2024

Одборот за акредитација на високото образование на денешната седница донесе Одлука за поништување на акредитацијата на проектот за основање на Факултет за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга.

– Со оваа Одлука на Одборот за акредитација на високото образование се поништуваат и сите други правни дејства во врска со почеток со работа на Факултетот за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга, соопштија од Одборот за акредитација на високото образование.
Мерко од лани, на 20 јуни, е на црната листа на Стејт департментот поради вмешаност во корупција. Стејт департментот тогаш кажа дека како градоначалник на Струга, Мерко злоупотребувал општински средства и се мешал во судски процеси. На црната листа беа ставени и неговата сопруга и трите полнолетни деца.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK