октомври 5, 2024

Според експертите, потењето може да значи две работи: интоксикација (труење) или внатрешно прегревање. Во првиот случај потта е обично ладна , во вториот потопла и ниту една од овие манифестации не е безопасна.

 

 

 

„Кога потта е ладна, мора да внимавате на белите дробови, бидејќи тоа може да биде воспалителен процес или влошување на некоја хронична болест. Тогаш потребно е веднаш да се измери температурата, а доколку е покачена потребно е да се консултира лекар. Тоа е лош показател, знак дека телото се бори со болеста“ , предупредуваат лекарите.

 

Експертите исто така забележуваат дека ако „исфрлите“ огромни количини ладна пот, тоа укажува на хиперхидроза , што укажува дека вирусот го нападнал вашето тело и дека се бори. Тогаш е многу важно да се консултирате со лекар кој ќе ви предложи понатамошни чекори.

 

Прекумерното потење може да укаже на други проблеми и посложени болести. „Прекумерното потење е болест и најчесто е проблем во ендокриниот систем.

 

Најчесто може да биде придружена со тахикардија , поради што многумина бараат помош од кардиолог, но всушност проблемот е повеќе ендокринолошки “, предупредуваат лекарите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK