октомври 7, 2024

Најмалку четири лица загинаа, а 120 се повредени во денешниот земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди градот Кашмар во североисточниот дел на Иран, пренесува „Иран Интернешнл

Земјотресот се случил во 13 часот и 24 минути по локално време, објави локалниот гувернер во интервју за иранската државна телевизија.

Иран доживува просечно 10.000 земјотреси годишно, според ОН, а земјата сè уште се ја памети трагедијата во 2003 година кога земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го уништи историскиот град Бам, одземајќи животи на десетици илјади.

Минатата година, најмалку три лица загинаа, а над 800 беа повредени по земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди градот Хој, провинцијата Западен Азербејџан.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK