октомври 7, 2024

Во поднесокот на имињата на новите министри и програмата за нова влада, мандатарот Христијан Мицкоски во една реченица уставното име на земјава го користи три пати. Четвртиот пат го става покрај своето презиме како „мандатар за составот на Владата на Република Северна Македонија“, а го користи уставното име и горе, покрај презимето на Гаши – „претседател на Собранието на Република Северна Македонија“.

Во интервју на ТВ Сител Мицкоски изјави: „Заклетвата како нов премиер ќе ја дадам со уставното име на државата, тоа е јасно. Во моите настапи во странство ќе го користам уставното име на државата со придавката. Не можеме да се однесуваме со двојни стандарди, не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите и уставот, а ние да не ги почитуваме. Но, во моите настапи дома и во давањето изјави ќе го користам името на мојата држава, а тоа е Македонија“.

На 5 јуни, Мицкоски кажа дека во говорите нема да го употребува името Северна Македонија, а сите документи и закони ќе ги потпишува со уставното име. Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека негово елементарно човеково право е да ја вика земјата Македонија, а сè што е содржано во Преспанскиот договор и е дел од нашиот правен систем и уставен поредок, идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK