ноември 24, 2024

Веднаш да кажам дека со внимание ја исчитав програмата на мандатарот Мицкоски, она што ми падна во очи е дека и биографиите и програмата се најзалудно потрошени 4 часа во мојот живот. На три реда пет пати пишува северна Македонија, не знам зошто не го тестирате спикерот Гаши да прифаќа со Р.С.Македонија, вели во својот говор во Собранието лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

– Сте можеле наместо северна, да напишете и Република „Северина“ Македонија бидејќи го из*упивте народот од она што му го ветувавте пред избори. Ова е една од најголемите влади, секогаш кога се ВМРО на власт има гломазна влада, тоа е афрички стандард во Нигерија има 30 министерства, европскиот стандард е од 13 до 15. Само три министерки се жени, а 16 се северномакедонци, бидејќи вие го прифаќате Преспанскиот договор, истакна Апасиев.

– Она што фрустрира кадровски и програмски е што го прифаќате статус кво-то, вие сте плагијатори, не реформатори и тие десетина работи што се добри се препишани од програмата на Левица, вели Апасиев.

Мицкоски си ги ставил и power point презентациите на студентите си ги ставил во си-ви, пократко ќе било да напише тато ме направи професор, Грујо претседател на ВМРО-ДПМНЕ, вели Апасиев. Тој го коментираше и Тимчо Муцунски, за кој вели дека заедно со Сиљановска поднеле приговот кога бил избран за доцент на Правниот факултет Јустинијан Први. Апасиев ги пофали и „бранковистите“ во Влада.

– Вие господине Мицкоски припаѓате на 10.000 брачни парови кои живеат 70 пати подобро од останатите граѓани, истакна Апасиев.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK