Возачот на Мекларен Ландо Норис во Барселона ја освои втората пол-позиција во кариерата. Британецот до пол-позицијата дојде со време од 1:11.383 минути. Мекларен нема победа во Барелона од 2005 година, кога славеше Кими Раиконен.
Норис во финишот на квалификациите му ја украде пол-позцијата на актуелниот светски првак, Макс Ферстапен. Норис беше побрз за само 20 илјадити делови од секундата. Возачот на Ред Бул ќе стартува од втората позиција, а зад него се полотите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел. Хамилтон беше побрз од тимскиот колега за два илијадита дела од секундата.
Третуиот ред на стартот им припадна на возачите на Ферари, Шарл Леклер на петтото и Карлос Саинц на шестото место.
Пјер Гасли беше седми во својот Алпин, Серхио Перез е осми, а деветти Естабан Окон на Алпин. Десетти во квалификациите беше Оскар Пјастри пд Мекларен, кој во третата сесија не успеа да постави време.
Трката се вози во недела во 15 часот.
The post Норис пред Ферстапен на пол-позицијата во Барселона appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде