„Новак Ѓоковиќ одлучи да патува на Вимблдон и треба да пристигне во понеделник, но седумкратниот шампион се уште не знае дали ќе може да настапи по операцијата на коленото на која беше подложен“, објави вечерва Би-Би-Си и додава:
„Србинот се повлече од Ролан Гарос по победата во четвртото коло над Франциско Серундоло, поради повреда на менискусот на десното колено. Тој беше опериран пред само 17 дена, но и покрај тоа реши да тренира во Ол Ингланд клубот на трева за да биде во позиција да настапи на Вимблдон“.
Третиот Грен слем во сезоната започнува на 1 јули, а најдобрите светски тенисери потоа ќе се вратат на тренинзите на земјена подлога, бидејќи од 26 јули ги очекуваат Олимписките игри во Париз.
Најпрво се веруваше дека Ѓоковиќ нема да ризикува и да направи транзиција од земјена подлога, на трева и назад, во овој период по непријатната повреда и операција, меѓутоа, според информациите на британскиот јавен сервис, осовјувачт на 24. Грен слем титули не сака да се откаже од можноста осми пат да го освои својот омилен турнир.
The post Ѓоковиќ доаѓа на Вимблдон appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде