ноември 24, 2024

Во Еквадор во средата попладне беше регистриран целосен прекин на струјата поради што целата нација од околу 18 милиони луѓе беа без електрична енергија најмалку еден час, објави министерот за јавни работи Роберто Луке на Х.

„Имаше дефект во далновод што предизвика каскадно исклучување, така што нема струја на национално ниво“, нагласи Луке, кој е и вршител на должноста министер за енергетика. Тој не даде детали за причината за дефектот.

Во април, претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор и најави планирани прекини на струјата. Јужноамериканската земја се бори со суша која влијае врз производството на електрична енергија од хидроцентралите. Прекинот ги изненади Еквадорците, особено жителите на главниот град Кито и корисниците на метрото, каде запреа возовите околу 15:20 часот по локално време.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK