Панче Тошковски од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи
Денеска (24.06.2024) во Министерството за внатрешни работи, досегашниот министер Назим Буши ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот министер Панче Тошковски, кој беше и министер за внатрешни работи во техничката влада. На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на Буши за неговиот досегашен ангажман во министерството.
———————-