ноември 23, 2024

Бездомник од главната станица во Амстердам вратил паричник кој некој го заборавил во возот со околу две илјади евра, соопшти локалната полиција, а за тоа бил награден.

Хаџер Ал-Али, 33-годишен маж кој нема постојан дом веќе 18 месеци, пронашол паричник додека барал пластични шишиња.
Во паричникот имало околу две илјади евра, но немало лични документи ниту начин како да се контактира неговиот сопственик, соопшти полицијата.

„Бидејќи веруваме дека чесноста се исплати“, Ал-Али доби признание во вид на сребрена статуетка и подарок ваучер од 50 евра, соопштија властите.

Доколку никој не се јави за паричникот во рок од една година, парите ќе му бидат дадени на тој што ќе ги најде.

„Не е важно што ќе најдам, секогаш го враќам назад“, рече Ал-Али во видео споделено од локалниот медиум „Де Стентор“.

„Можеби сопственикот има фирма каде што може да ми обезбеди работа или сместување каде што би можел да живеам. Никогаш не се знае“, додаде тој.

The post Бездомник во Амстердам пронашол паричник со евра и го вратил: „Не е важно што ќе најдам, секогаш го враќам“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK