Пекинг се изјасни против барањата за тестирање за патниците од Кина и се закани дека ќе преземе реципрочини мерки на земјите кои наметнуваат такви ограничувања.
– Ние веруваме дека ограничувањата за влез усвоени од некои земји кои ја таргетираат Кина немаат научна основа, а некои прекумерни барања се уште понеприфатливи, рече на прес-конференција портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.
– Силно се спротивставуваме на обидите за манипулирање со мерките против коронавирусот за политички цели и ќе преземеме контрамерки врз основа на принципот на реципроцитет, рече тој.
Следете не, не има насекаде