октомври 7, 2024

Како што беше најавено, актуелните шампиони во НБА, Бостон Селтикс, ќе потпишат продолжување на соработката со својата најголема ѕвезда, 26-годишниот Џејсон Тејтум.

Според американските медиуми, Тејтум би требало да потпише нов петгодишен договор со Селтикси вреден 314 милиони долари, со што би станал најплатениот кошаркар во историјата.

Интересно, статусот на најплатен НБА играч го имаше и членот на Бостон, Џејлен Браун, кој минатата година потпиша петгодишен договор вреден 304 милиони долари. По финалната серија со Далас, Селтикси стигнаа до рекордната 18-та шампионска титула.

Минатата сезона Тејтум во лигата имаше просек од 26,9 поени, 8,1 скока и 4,9 асистенции, додека во плејофот имаше просек од 25 поени, 9,7 скока и 6,3 асистенции.

The post Џејсон Тејтум станува најплатениот кошаркар на сите времиња appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK