октомври 8, 2024

Претседателот на Патриотскиот институт, Александар Пандов и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Клековски добиваат позиции во извршната власт на државата дознава Инфомакс.

Имено како што дознаваме Александар Пандов седнува на директорското место на Управата за извршување на санкции на Република Северна Македонија додека Сашко Клековски е новиот директор на Фондот за здравство на нашата земја.

Пандов е поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, а изминативе 3 години е на чело на новоформираниот Патриотски институт на партијата.

Своевремено тој работел како директор на Радио РОС, а беше ангажиран и од рускиот стопанственик Сергеј Самсоненко како директор на ланецот на обложувачници Бетсити Балкан.

Сашо Клековски од неодамна е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а по струка дипломирал на Медицински факултет во Скопје. Оженет со Ана и има две деца Ангелина и Никола.

Сашо Клековски поголемиот дел од својата кариера ја поминува Македонскиот центар за меѓународна соработка невладина организација која работи на голем број општествени теми.

Пандов и Клековски добиваат директорски места – ова се позициите!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK