мај 17, 2024

Серијата „Симпсонови“ е една од најпопуларните серии, чија прва епизода беше емитувана далечната 1989 година. Екипата на овој култен ситком сега за жал е без многу важен член.

Музичкиот уредник на оваа серија, Крис Ледезма, почина на 64-годишна возраст a тимот на „Симпсонови“ му оддава почит на еден љубезен и талентиран човек. Оваа вест ја соопшти ,,Дејли мејл” на својата веб-страницата.

Ова музичко упориште учествуваше во анимираниот ситком од почетокот на серијата до мај 2022 година, а сега во последната емитувана епизода беше прикажан еден вид почит со натпис:

– ,,Во спомен на Крис Ледезма.”

– Крис беше убав човек кој ја сакаше својата работа и беше навистина, навистина добар во тоа. Ни недостига – напиша сценаристката Керолин Омин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK