октомври 13, 2024

Американската пејачка Пинк мораше да го откаже претстојното шоу во Швајцарија поради нарушено здравје. Таа требаше да настапи на стадионот Ванкдорф во Берн како дел од нејзината турнеја.

„Многу ми е жал што морав да го откажам шоуто“, ја започна својата објава Пинк.

„Правам се за да настапувам за вас секоја вечер, но по консултација со докторот и разгледување на сите опции, ми рекоа дека не можам да го одржам овој концерт“, напиша таа и нагласи дека на сите ќе им бидат вратени парите за билетите.

„Ви испраќам на сите љубов и здравје и навистина се надевам дека ќе се видиме наскоро повторно“.

Фановите, иако малку разочарани, и посакаа брзо закрепнување. Пејачката и нејзиниот тим се уште не и откриле на јавноста каков е здравствениот проблем.

За потсетување, Пинк ја започна својата осма турнеја наречена Летен карневал во јуни 2023 година и треба да трае до ноември оваа година.

The post Пинк откажа концерт поради нејзината здравствена состојба, им објасни се на своите фанови преку Инстаграм appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK