ноември 23, 2024

Во Јужна Кореја, секое новороденото бебе се смета за една година старо, а секој 1 јануари се додава уште една година.

Јужна Кореја штотуку донесе закон со кој се отфрла традиционалниот начин на пресметување на возраста на една личност во корист на меѓународниот стандард. Поради оваа промена на сите граѓани ќе им биде отстранета една или две години од личните документи, пишува Гардијан.

Имено, во Јужна Кореја секое новороденче се смета дека има една година, а секој 1 јануари се додава уште една година. Вака возраста е прикажана и на личните документи.

Постои и посебен систем за регулирање на воениот рок или пресметување на старосната граница за консумирање алкохол и цигари, при што новороденото дете се смета дека има нула години, а на 1 јануари се додава една година.

Сепак, од раните 1960-ти, Јужна Кореја почна да ја користи меѓународната норма за пресметување на возраста од нула при раѓање и додавање по една година на секој роденден во медицинските и правните документи.

Збунувачкиот начин на пресметка ќе исчезне во јуни 2023 година – барем на официјалните документи – кога ќе стапи во сила законот според кој треба да се користи само меѓународниот метод на пресметка.

„Целта на оваа промена е да се намалат непотребните социо-економски трошоци бидејќи сè уште постојат правни и социјални спорови, како и конфузија поради различните начини на пресметување на возраста“, рече Јо Санг-бум од владејачката партија Народна моќ во парламентот.

Џеонг Да-Еун, 29-годишна канцелариска работничка, е среќна поради промената и вели дека секогаш морала двапати да размислува кога ја прашувале за нејзината возраст во странство. Се сеќавам дека странци ме гледаа збунето затоа што ми требаше толку време да им кажам колку години имам“.

„Кој не би бил среќен да се подмлади година или две?“, додаде таа.

Потеклото на корејскиот систем не е сосема јасно. Една теорија е дека при раѓањето се зема предвид времето поминато во утробата – од девет месеци заокружено на 12. Други го поврзуваат со антички азиски броен систем кој немал концепт за нула.

Објаснувањата за дополнителната година додадена на 1 јануари се уште покомплицирани.

Некои експерти теоретизираат дека старите Корејци ја сместиле својата година на раѓање во кинескиот календарски циклус од 60 години, но, во време кога немало редовни календари, тие го игнорирале денот на нивното раѓање и едноставно додале цела година на првиот ден на лунарниот календар. Престапната година од 1 јануари стана вообичаена бидејќи повеќе Јужнокорејци почнаа да го следат западниот календар.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK