октомври 6, 2024

Дали сте сигурни дека вашиот животен стил е доволно здрав за да спречите срцев удар?

 

 

 

 

Листата на ризичните фактори кои придонесуваат за срцев напад е долга: пушење, нездрава исхрана и прекумерна телесна тежина, слаба физичка активност, употреба на алкохол, висок крвен притисок и дијабетес.

 

Зошто многу од нас инсистираат на занемарување на здравјето и ризикот по нашите животи останува мистерија, но за среќа, постојат безброј информации што може да ви помогнат да препознаете срцев удар, па и цел месец пред тој да се случи.

 

Напомена: Секако, не треба да се водите строго по оваа листа и доколку се случат некои од симптомите да паничите, но доколку забележите повеќе симптоми во краток период, би било добро да си го проверите здравјето и да го подобрите животниот стил.

 

Симптоми кои може да наговестуваат срцев удар:

 

Болка во градите

Ова е најочигледниот знак за претстоен срцев удар. Ако имате блокирана артерија или имате срцев удар, чувствувате болка, затегнатост или притисок во градите. Мажите и жените искусуваат болки во градите со најразличен интензитет.

 

Болката во градите може да се прошири до едната или двете раце (почесто лево), долната вилица, вратот, рамената или стомакот. Може да е привремена или постојана, а луѓето често велат дека чувството изгледа како некој да ви седи на градите.

 

Прекумерно потење

Невообичаено или прекумерно потење може да биде предупредувачки знак за срцев удар. Може да се случи во секое време од денот или ноќта. Симптомите се слични на грип, со потење без оглед на температурата на воздухот или физичкиот напор. Потењето се манифестира почесто во текот на ноќта.

 

Неправилно чукање на срцето

Нормално е да се забрза пулсот кога сте нервозни или возбудени, но ако чувствувате дека срцето ви чука посилно само неколку секунди, или ако тоа се случува често, можеби ви претстои опасност од срцев удар.

 

Неправилното срцебиење трае 1-2 минути. Ако не исчезне, може да почувствувате вртоглавица и екстремен замор. Веднаш јавете се кај вашиот доктор.

 

Недостаток на воздух

Ова е чест симптом на неколку медицински состојби, а проблемите со срцето се една од нив. Ако срцевиот мускул не е ефикасен, притисокот се таложи во белите дробови и во коморите на срцето, создавајќи чувство на недостаток на воздух.

 

Често се случува кај мажите и кај жените до 6 месеци пред појава на срцев удар.

 

Несоница

Несоницата е исто така поврзана со зголемен ризик од срцев удар или мозочен удар. Намалувањето на нивото на кислород – предизвикано од промени во срцето поради срцеви заболувања, може да предизвика суптилни промени што доведуваат до анксиозност, несоница и вознемиреност што не можат да се објаснат.

 

Луѓето кои имале срцев удар честопати отпосле сфаќаат дека чувствувале анксиозност и имале проблеми со спиењето во месеците пред нападот.

 

Абдоменална болка

Абдоминални болки, гадење, чувство на подуеност или вознемирен стомак се неколку од најчестите симптоми. Лесно е да се припишат на проблеми со варење наместо проблеми со срцето. Симптомите се можни и кај жените и кај мажите.

 

Лошата циркулација и недостатокот на кислород кој циркулира во крвта (предизвикан од слабо срце или блокирани артерии) може да доведе до постојано гадење, варење или повраќање, особено кај жени или луѓе над 60 години.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK