октомври 8, 2024

Од вчера, „во погон“ е ставена и машка кадетска селекција во кошарка.

Со првиот собир во СРЦ „Кале“, нашиот национален тим „под 16“ години ги започна подготовките за настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое од 8. до 17.август ќе се одржи во главниот град.

Селекторот Александар Јованчев и неговиот стручен тим се одлучија за еден поширок список на играчи, поради што првите работни денови ќе бидат и селективни.

Ќе бидат проверени сите повикани кошаркари, и  веќе на почетокот на следната седмица, стручниот штаб ќе има и појасна „слика“ за она што следува во наредниот период.

Согласно со планот, првиот дел од подготовките кадетите ќе го одработат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

На 14 јули следува гостување во Тиват, каде ќе бидат реализирани две контролни средби против соодветната селекција на Црна Гора.

По враќањето, за 25 јули е закажано учество и на турнирот во Гевгелија, каде е предвидено одигрување на уште три натпревари.

Гевгелија ќе биде втората „база“ на кадетската репрезентација, каде на 3. август, Македонија ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Исланд, по што мислите ќе бидат насочени кон Скопје, каде ќе се игра кадетскиот европски шампионат на  кој ние сме во улога на домаќини, информираат од КФСМ.

The post Почеток на подготовките на кадетската репрезентација во кошарка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK