октомври 9, 2024

Турското претседателство официјално објави дека шефот на државата Реџеп Таип Ердоган ќе пристигне во Германија на саботниот четвртфинален натпревар на Европското фудбалско првенство меѓу Турција и Холандија.

Натпреварот ќе се игра во Берлин со почеток во 21 часот, а следува по дипломатскиот инцидент меѓу Германија и Турција што се случи поради реакцијата на турскиот фудбалски репрезентативец Мерих Демирал за време на осминафиналето против Австрија.

Турција победи со 2-1, а двојниот стрелец Демирал вториот гол го прослави со гест кој крена голема прашина.

Демирал со високо кренати раце имитираше глава на волк, гестикулирајќи знак кој се поврзан со „Сивите волци“, ултранационалистички огранок на Партијата за националистичко движење (МХП), која е коалициски партнер на турската владејачка партија АК, предводена од претседателот Ердоган. Во Германија, потегот на Демирал беше осуден како расистички.

Германските медиуми објавија дека УЕФА го санкционирала Демирал со два натпревари, но Фудбалската федерација Турција доцна синоќа ја демантираше информацијата која ја објави весникот „Билд“, наведувајќи оти истрагата сè уште е во тек.

The post Ердоган од трибините ќе ја бодри Турција во четвртфиналето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK