октомври 7, 2024

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска го казни англискиот фудбалер Џуд Белингам со 30.000 евра и условна суспензија на еден натпревар поради непримерен гест по голот што го постигна против Словачка во осминафиналето на Европското првенство.

Како што соопшти УЕФА, условната казна од еден натпревар ќе важи една година и ќе се активира доколку играчот на Реал повторно направи ваков или сличен гест. Белингам на тој начин ќе може да го одигра утрешното четвртфинале на Европското првенство против Швајцарија

Белингам е казнет поради прекршување на основните правила на пристојно однесување. Споменатата суспензија не се применува веднаш туку во условен период од една година.

The post Англискиот фудбалер Џуд Белингам е казнет со 30.000 евра и условна суспензија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK