октомври 5, 2024

Државна висока контрола на Албанија (КЛШ), по извршената ревизија во Регионалната дирекција на Националната агенцијата за храна, за округот Тирана, открила скандал во работата на инспекторите, кои одземено месо, што треба да се уништи, го „донирале“ во фабрики за сувомеснати производи, јави Ора њуз.

За Националната агенција за храна (АКУ) се тврди дека ја гарантира безбедноста на храната во земјава, но токму инспекторите на оваа институција, спротивно на секој протокол на нивната работа, ја нарушуваат безбедноста на потрошувачите. Поконкретно, при увидот што го извршиле инспекторите на АКУ во продавниците за месо и маркетите, одземале месо што се тргувало надвор од потребните хигиенски услови, неспакувано и несертифицирано, наведува телевизијата.

Според КЛШ, инспекторите месото го испраќале во две фабрики за преработка на месо, кои исто така се предмет на проверка.

Скандалот се продлабочува бидејќи во блокираната фабрика за месо не постоел никаков формулар, а освен тоа, нема документ со кој се докажува дека месото наменето за уништување е отстрането. Алармот го вклучи и самата КЛШ, која наведува дека по испораката на месото до фабриките, постои можност то месо да било преработено и пуштено на пазарот, посочува Ора њуз.

Контролата продолжува и во други делови во државата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK