октомври 5, 2024

Демократската унија за интеграција како предводник на Европскиот фронт сè уште не открива во каква форма ќе го „демонстрираат нивното незадоволство“, како што најави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како одговор на како што велат тие непочитувањето на волјата на Албанците.

Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, во Дејли Клик на ТВ21, рече дека е разбирливо дека нема да молчат за политиките на оваа Влада и нема да дозволат како што вели Адеми „државата да излезе надвор од патот кон Запад“.

„Нема да дозволиме Северна Македонија да излезе од патото кон Запад. Доколку има вазали и аргати во Влада кои за да ја зачуваат нивната фотелја, молчат кон овие аномалии, кон овие погрешни политики, кон овие политики кои се штетни за државата, ние нема да молчиме. Најавивме дека ќе имаме и имаме редновни средби со нашите структури“, вели Арбр Адеми.

Но што конкретно се разгледува во партијата?

„Се разгледуваат сите форми и начини на изразување на незадоволството на демократски начин во ДУИ но и во Европскиот фронт на средбите меѓу лидерите. Видовте и вие, одржуваме состанокот, излегуваме со изјава по таа средба, веднаш Мицкоски излегува во одбрана на своите вазали. Дали сте виделе? Овие вазали за греота се во оваа влада. Вели ги делат Албанците, ВРЕДИ се чесните, тие се лојалните“, додава Адеми.

Политички отпор најави и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, дел од Европскиот фронт.

„Во оваа време на антиалбанизам, тие наскоро ќе наидат на силен политички отпор од Албанците. Силниот политички отпор на Албанците значи уништување на оние кои сега се бескорисни, а исто така за иднината се штетни“, вели Мендух Тачи.

Од она што го појасни Адеми во Дејли клик, ДУИ и Европскиот фронт планираат да ги сензибилизираат граѓаните и да ја подигнат колективната свест. За таа цел, првиот чекор ќе биде собирање на сите структури на ДУИ, почнувајќи од локалните совети до претседателот на партијата на 13 јули. Како што појасни, ќе се разгледаат политичките случувања и правците кон кои ќе се стреми ДУИ во блиска иднина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK