октомври 24, 2024

Црвена младина бара мерки за заштита на студентите од сексуално вознемирување

Деновиве во медиумите излезе истражување за сексуалното вознемирување на Универзитетот во Тетово, Универзитетот Мајка Тереза и Универзитетот на Југоисточна Европа. Анкетата која била спроведена на примерок од 122 испитаници покажува дека 19,6%, односно секој петти студент од анкетираните изјавил дека бил жртва на сексуално вознемирување.

Волонтери на НАСА завршија мисија со симулација на живот на Марс по повеќе од една година
Црвена младина бара мерки за заштита на студентите од сексуално вознемирување
ДЕМАНТ на Амбасадорот Љубомир Данаилов Фрчкоски
Филипче: Која земја ќе ја претставува Мицкоски во Вашингтон, Северна Македонија или никогаш Северна само Македонија?
Еврото падна поради изборите во Франција
„За Москва разочарување, олеснување во Киев“ по изборните резултати, изјави полскиот премиер
Грција во пламен: Дури 50 пожари низ земјата во последните 24 часа, издадено е важно предупредување
Политико: НАТО сојузниците загрижени за возраста и здравјето на Бајден
Нов земјотрес ја стресе Македонија вечерва: Еве каде е епицентарот!
Марин Ле Пен: Нашата победа е само одложена
„Сојузот на срамот“ предизвика Национален собир да изгуби гласови, тврди Бардела

Професорите од студентите барале сексуални услуги за оценки! Ова го рефлектира системскиот проблем со недостиг на транспарентност и одговорност во образовните институции. Студентите се плашат да пријават вакви случаи и се оставени без заштита, што дополнително го комплицира решавањето на овој сериозен проблем.

Ваквото однесување на професорите од посочените универзитети Црвена младина го смета за неприфатливо и упатува осуда за сексуалното вознемирување кое се случува. Ова е проблем што ја загрозува безбедноста и достоинството на студентите, особено на жените и создава атмосфера на страв, па дури и инхибиција да се продолжи искачувањето по академскиот пат.

Црвена младина ги повикува властите да воведат построги мерки за заштита на студентите, вклучувајќи анонимни механизми за пријавување и остри санкции против сторителите! Одговорните институции мораат активно да се вклучат во решавањето на овој проблем. Сметаме дека е неопходно универзитетите да спроведат обуки и едукација за спречување на сексуалното вознемирување што дополнително ќе ги охрабрат жртвите да ги пријавуваат овие случаи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK