октомври 24, 2024

Христијан Мицкоски, кој за Вашингтон отиде со пола од неговите министри, гордо преку видео ни порача дека е на самитот на НАТО. Човекот кој жолчно работеше против членството во Алијансата и целата своја политичка стратегија ја базираше на блокада на тој процес, денес без грам срам се однесува како ништо да не било, реагира претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

На неговиот Фејсбук профил тој обвини дека „лицемерието на политиката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски достигнува неверојатни граници“.

– Тој заборави да каже во видеото која земја ќе ја претставуваат со Тошкоски, Мисајловски и Муцунски во Вашингтон, Северна Македонија или како што им ги подгреваа очекувањата на граѓаните – никогаш Северна само Македонија? Мицкоски да не заборава дека тоа што денес е на најважниот политички настан во светот, а не во некој од месните штабови на ВМРО-ДПМНЕ е благодарение на храбрите и државнички одлуки на СДСМ, кој тој ги бојкотираше – додава Филипче.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK