октомври 24, 2024

Анџелина Џоли и нејзиниот 15-годишен син Нокс викендов се фотографирани во продавница за миленичиња. Мајката и синот беа забележани во населбата Лос Фелиз во Лос Анџелес.

49-годишната актерка ретко се гледа во јавноста по судската битка со нејзиниот поранешен партнер Бред Пит. Во лежерното излегување со синот делуваше мистериозно, а идентитетот се обиде да го сокрие со наочари.

Заедно, Бред и Анџелина имаат биолошки деца Нокс, Вивиен и Шајло и три посвоени деца: Медокс, Пакс и Захара. Сите деца неофицијално се откажале од презимето на својот татко Бред Пит, додека 18-годишната Шајло решила тоа да го направи официјално, на суд. Освен Шајло, Захара и Вивиен повеќе не го носат презимето на нивниот татко, додека браќата Медокс и Пакс со години немаат никаква врска со својот татко.

Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради конфликтот на актерот со Медокс во приватен авион, кој потоа сакал да ја брани својата мајка. Поранешните сопружници се уште не успеале да се договорат за старателството на нивните шест деца. И покрај тоа што тројцата најстари, Медокс, Пакс и Захара, веќе не се малолетни, тие се расправаат кој ќе ги одгледа Вивиен и Нокс (15).

The post Анџелина Џоли фотографирана со синот пред продавница за миленичиња appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK