октомври 24, 2024

Изгледа дека се случи некој вид на семејно обединување на снимањето на 4-та сезона од Only Murders in the Building.

Ева Лонгорија и Мерил Стрип глумат во новата сезона на серијата, а ѕвездата на „Домаќинки“ неодамна откри дека всушност е во роднинска врска со познатата оскаровка.

„Мерил и јас сме роднини. И двете направивме ДНК тест во шоуто на д-р Гејтс и дознавме дека имаме заеднички роднина“, изјави Лонгорија за Екстра, мислејќи на документарната серија на Хенри Луис Гејтс Џуниор, во која многу познати личности ги откриваат своите корени.

Ѕвездата на „Домаќинки“ откри и како е да се работи со Мерил на серијата Only Murders in the Building.

„Беше навистина, навистина забавно и се викавме ‘роднино’“, рече таа.

На снимањето, Стрип ја претстави Лонгорија како нејзина роднина.

„Таа ја раскажа приказната и сите беа збунети бидејќи јас сум Латино, а таа е – Мерил Стрип“, изјави Лонгорија.

The post Ева Лонгорија откри дека е во сродство со познатата оскаровка: „Направивме ДНК тест“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK