октомври 24, 2024

Горди сме на нашата олимпијка Анастасија Мојсовска, која ќе ја претставува Македонија на Летните Олимписки игри во Париз 2024, во категоријата спортско стрелаштво.

Денес имав можност да се запознаам со нејзините досегашни спортски успеси кои се вредни за почит. Навистина сум среќен што Охрид може да се пофали со уште еден талентиран спортист со охридско потекло, кој ќе настапи на најпрестижниот спортски настан во светот.

Упатувам срдечни честитки до Мојсовска за нејзиниот пласман на Олимписките игри со желби за висок резултат и уште поголеми успеси во иднина. Општина Охрид во континуитет дава поддршка на спортот и особено е посветена на поддршка на талентирани спортисти кои остваруваат големи успеси.

Младата 22-годишна Анастасија Мојсовска ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени – 60 истрели. Според програмата на Олимписките игри, македонската олимпијка ќе го има својот настап на 28 јули 2024 година.
Мојсовска е член на Стрелачкиот клуб „Стрелец“ од Скопје и е повеќекратен Државен првак и рекордер на Македонија со високи резултати на меѓународните натпревари. На последниот Светски куп во Минхен, Германија, таа постави државен рекорд и висок светски резултат од 628,8 кругови кој беше конкурентен за влез во финале на Летните Олимписки игри.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK