октомври 24, 2024

Францускиот премиер Габриел Атал денеска имаше намера да поднесе оставка до претседателот Емануел Макрон, но на барање на Макрон тој ќе остане премиер за „стабилноста на земјата“.

Ова го соопшти Атал вчера вечерта по објавувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори, на кои центристичката алијанса на Емануел Макрон, во која е и партијата на Атал, Ренесанса, не успеа да го задржи мнозинството во Националното собрание.

Атал најави дека доколку Макрон не ја прифати неговата оставка, ќе продолжи да ја извршува функцијата технички премиер додека не се утврди неговиот наследник во договор со новото парламентарно мнозинство.

Атал стана премиер во јануари оваа година по реконструкцијата на кабинетот и разрешувањето на Макрон на Елизабет Борн од премиерската функција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK