октомври 24, 2024

Професорката и екс-кандидатка за претседател на државата, Билјана Ванковска ја коментираше одлуката на Владата за враќање на оградата околу владината зграда. Ваквиот потег, професорката го оцени побитен за Владата отколку враќањето на старото уставно име.

-Враќањето на оградата се покажа како поприоритетна задача од враќањето на името коешто остана за некои други генерации. Интересно, смената на власта ја очитуваме преку вадење и ставање ограда, објави Ванковска на Фејсбук..

Вчера беше поставена металната ограда околу зградата на Владата. Пет дена откако на владина седница беше донесена одлука зградата пак да се огради, екипи од вчера наутро ја местеа.

„Со оглед на тоа што објектот на Владата е опкружен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на Министерството за внатрешни работи, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена. Истовремено, директорот на СОЗР Ивица Томовски информираше дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка“, рекоа од Владата на 2-ри јули.

 

ГЕРМАНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОЈНА, УСТАВ ГИ ВОВЕДУВА И ЖЕНИТЕ?! Од Бундесверот најавија: „Мораме да бидеме обучени“
Ванковска: Враќањето на оградата поприоритетно од враќањето на името
Марин Ле Пен: Нашата победа е само одложена
Во Германија на секои половина час дете станува жртва на сексуална злоупотреба
8.000 евра плата во Европскиот парламент, ако се појавиш на работа плус 350 евра, шофер, канцеларија…
ДУИ: Таравари ја остави Општина Гостивар со над 15 милиони евра долг
„Голема Албанија“ и свастики на една од најфреквентните локации во Дебар!
Студент на ФИНКИ избркан од факултетот – нападнал професор на испит

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK