октомври 7, 2024

ОВЕН
Работа: Фокусирани сте на правање нови, трајни и амбициозни планови. Не сте објективни што се гледа во текот на реализација на плановите.

Љубов: Емотивно сте презадоволни од врската.

Здравје: Проблеми со хормоните.

БИК

Работа: Комуникацијата не ви е силна страна. Успевате да постигнете договор кој ви обезбедува работа и пари на долги патеки.

Љубов: Имате симпатија, но не знаете на кој начин да и пријдете.

Здравје: Се чувствувате добро.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Имате добра комуникација и висок степен на разбирање со колегите. Единствено комуникацијата со надредената личност има пречки.

Љубов: Емоциите ви проработиле и во целост се посветувате на саканата личност.

Здравје: Ве очекуваат проблеми со колената.

РАК

Работа: Добивате поволни вести за судски процес. Тој е завршен, а пресудата е во ваша корист.

Љубов: Срамежливи сте и од таа причина не покажувате на партнерот колку ви значи.

Здравје: Стабилно.

ЛАВ

Работа: Задоволни сте од соработката со странците. Се разбирате многу подобро што сте очекувале на почетокот на соработката.

Љубов: Емотивно сте исполнети. Партнерот е стабилен и може да му верувате, што ви значи.

Здравје: Се чувствувате добро.

ДЕВИЦА

Работа: Работата не се одвива на начин на кој сте планирале. Тоа ве демотивира, така што вложувате дополнителен напор и ги постигнувате своите цели.

Љубов: Одличен ден за ново познанство. Имате впечаток дека другата страна ве скенира.

Здравје: Можни алергиски реакции.

ВАГА

Работа: Обратете внимание на комуникацијата со работните соработници. Постои можност да не се разбирате.

Љубов: Во мислите ви е поранешниот партнер. Признавате на себе дека не сте биле фер кон него.

Здравје: Чувајте го грлото.

СКОРПИЈА

Работа: Фокусирани сте на работните обврски, одговорни сте и постигнувате успех. Вашиот труд е приметен и признат од страна на надредените.

Љубов: Се чувствувате добро во врската, но ви поминуваат чувствата на партнерот.

Здравје: Солидно здравје.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Уживате во работата и имате „натпреварувачки“ дух. Се чувствувате подобро кога ќе се воспостави дека сте подобри од другите.

Љубов: Свесни сте дека односот со партнерот трпи поради вашите обврски. Пробувате да најдете повеќе време за партнерот.

Здравје: Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Работа: Имате силна желба да се пробиете на странскиот пазар, но не сте во можност и финансиски да ја поддржите оваа идеја.

Љубов: Партнерот ви е важен и потребен. Максимално се посветувате на односот.

Здравје: Внимавајте на дишните органи.

ВОДОЛИЈА

Работа: Имате необјективен став околку проект на кој работите. Фокусирани сте на ситници, наместо на глобален проект.

Љубов: Односот со партнерот не е најдобар. Не сте во целост отворени еден кон друг.

Здравје: Чувствителен дигестивен систем.

РИБИ

Работа: Ве очекува прилив на пари. Уживате во обврските и амбициозни сте. Потребно е јасно да ги претставите своите планови и идеји.

Љубов: Имате симпатија и размислувате на кој начин да му се приближите.
Здравје: Внимавајте на исхраната.

The post Дневен хороскоп за вторник, 9 јули appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK