октомври 12, 2024

Меси на натпреварот против Канада го постигна 109-от гол во кариерата за аргентинската репрезентација.

„Мораме да уживаме во секој момент од животот. Свесен сум дека ова се можеби последните битки и затоа максимално уживам во нив“, изјави капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси по победата над Канада во полуфиналето на Купот на Америка.

Репрезентацијата на Аргентина во Њу Џерси ја совлада Канада со 2:0 и се пласираше во финалето на Купот на Америка. Аргентина ја освоила Копа Америка 15 пати во историјата.

„Лудо е што успеа овој тим да направи, она што Аргентина го прави. За нас кои останавме таму од старата гарда, навистина е импресивно што сме во уште едно големо финале со репрезентацијата. Сето ова го доживувам како на минатиот Куп на Америка, така и на Светското првенство“, изјави Меси на прес-конференцијата.

„Ова е тежок Куп на Америка, се е изедначено, терените се тешки, температурите високи, противниците силни. Одлично е да се биде во финалето“, додаде аргентинскиот фудбалер.

Аргентина во финалето на Копа Америка ќе игра против победникот од пресметката меѓу Уругвај и Колумбија.

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони изјави дека Меси треба да се остави сам.

„Тој добро знае дека ние нема да му ја затвориме вратата. Може да остане со нас колку сака, дури и кога ќе се пензионира. Нека одлучи што сака“, рече Скалони.

The post Меси: Ова се можеби последните битки appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK