октомври 25, 2024

ДКСК немала основ за поведување на постапка за разликите во вредноста во имотот кој го пријавил Христијан Мицкоски како директор на ЕЛЕМ и каок пратеник, велат од ДКСК во одговор на пашање на Инфомакс.

– Во однос на прашањето дали ДКСК ќе поведе постапка за лицето Христијан Мицкоски поради „разлики на вредноста на имотот“ пријавен од негова страна во анкетниот лист поднесен во 2017 година како директор на ЕЛЕМ и анкетниот лист поднесен во 2024 година по избор за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, Ве известуваме дека нема основа за поведување постапка согласно законските надлежности на ДКСК од причина што наведеното лице во меѓувреме не извршувало друга јавна функција.

По однос на наводите изнесени во Вашето прашање, дека Христијан Мицкоски во анкетниот лист поднесен во 2017 година не пријавил имот (часовници и уметнички слики), Ве известуваме дека е настаната застареност за евентуална прекршочна одговорност во конкретниот случај.

По однос на прашањето во врска со податоците од изјавата за имотна состојба и интереси на Горан Момировски, Заменик генерален секретар во кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Државната комисија за спречување на корупцијата Ве известува дека покрај во изјавата за имотна состојба и интереси на Горан Момировски и во изјавите поднесени од други избрани/именувани лица забележани се невообичаено ниски вредности на пријавениот имот.

Причина за тоа е што доколку при пополнување на изјавата за имотна состојба и интереси во полето за вредност на конкретен имот износот се напише со употреба на точка или запирка, на ВЕБ страницата на ДКСК се гледа само бројот пред точката односно запирката (на пример доколку се напише 3.000.000, се гледа само 3). Од тие причини, потребно е вредноста на имотот да се напише само со бројки без употреба на интерпукциски знаци (точка или запирка)

За надминување на наведеното, во електронскиот систем за поднесување за изјавата за имотна состојба и интереси е додадена следната Напомена: „Износите кои се внесуваат потребно е да бидат внесени без користење на точки и запирки“. – велат од ДКСК.

Детали за имотот на Мицкоски прочитајте во продолжение.

ИМОТ

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK