октомври 24, 2024

Поранешниот шеф на операции и технички директор на Ферари, Матија Биното, ќе биде прв човек на Ауди, потврдија од германската компанија.

Дополнително, тимот на Ауди потврди дека поранешните членови на управниот одбор Андреас Сеидл и Оливер Хофман ќе го напуштат проектот.

Сите овие промени доаѓаат како резултат на желбата на Ауди да ги подигне подготовките за влез во Формула 1 на повисоко ниво.

Германскиот производител мора да преземе поголема контрола над оваа операција и да ја подобри инфраструктурата за да го направи влезот успешен.

Биното застана на чело на Ферари во 2019 година, во чии редови пристигна во 1995 година, за да напредува во хиерархијата низ годините. Тој беше и технички директор на италијанскиот тим. Од Ферари си замина на почетокот на 2023 година.

Официјално со работа во Ауди, Биното ќе заочне наредниот месец.

The post Биното пристигна во Ауди appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK