октомври 24, 2024

Почитувани,

Сакам да изразам голема благодарност до Претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р. Христијан Мицкоски / Hristijan Mickoski и до пратениците во Собранието на Република Македонија, за укажаната доверба да бидам избран за Заменик министер во Министерството за правда.

Честта, ентузијазмот и благодарноста, првично ја споделувам со Вас, членовите на ВМРО-ДПМНЕ, со кои во изминатиот период со планирани и постојани активности, заедно го комплетиравме мозаикот на историската победа на парламентарните и претседателските избори.

Ве уверувам дека доверената функција ќе ја извршувам професионално, чесно и одговорно, во согласност со Уставот, позитивните законски прописи и во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Ни претстои тешка и континуирана работа, но убеден сум дека и во иднина ќе можам да сметам на Вашата поддршка и дека заедно ќе успееме во крајната цел, да го вратиме достоинството и гордоста на Македонскиот народ и на сите граѓани во Република Македонија.

Секогаш Ваш
Ален Деребан

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK