октомври 24, 2024

УЕФА покрена дисциплинска постапка и истрага против шпанските репрезентативци Алваро Мората и Родри.

Мората, капитенот на шпанската репрезентација која ја освои титулата на ЕП и Родри, најдобриот играч на првенството се обвинети за недолично однесување во Мадрид, на прославата на шампионската титула.

Во занес и славење, шпанското дуо пееше „Гибралтар е шпански“, поради што Фудбалскиот сојуз на Гибралтар поднесе официјална жалба до УЕФА.

УЕФА назначи дисциплински инспектор кој ќе процени дали и колку Мората и Родри ги прекршиле правилата, додека двајцата, како и Шпанската фудбалска федерација, имаат рок од две недели да поднесат жалба и потенцијално да избегнат казна.

Официјално, Мората и Родри се обвинети за кршење на стандардите за пристојно однесување, дискредитација на фудбалот како спорт и користење на спортски настани за неспортски дејствија.

Гибралтар е прекуокеанска територија на Обединетото Кралство со 33.000 жители на југот на Шпанија, за која Лондон и Мадрид се расправаат со децении. Шпанија никогаш не престана да бара Гибралтар, но во 1967 година нејзините жители на референдум гласаа да останат под власта на Обединетото Кралство.

Две години подоцна Гибралтар доби нов устав и поголема автономија. Во 1991 и 1997 година, Шпанија и предложи на Велика Британија заеднички суверенитет за Гибралтар, но тој предлог беше одбиен.

The post УЕФА покрена дисциплинска постапка против Мората и Родри appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK