октомври 24, 2024

Најдобриот велосипедист на денешницата, Словенецот Тадеј Погачар, одлучи да не се натпреварува на Олимписките игри во Париз.

Човекот чија популарност во Словенија е на исто ниво со НБА ѕвездата Лука Дончиќ неодамна по трет пат во кариерата победи на најпрестижната велосипедска трка Тур де Франс, но немаше сили ниту за олимписката трка, која на програмата е на 3 август.

Погачар е првиот велосипедист од 1998 година кој ги освоил Џиро д’Италија и Тур д’Франс во истата година. Претходно тоа му успеа на прерано починатиот Италијанец Марко Пантани.

Погачар реши да направи мала пауза пред почетокот на подготовките за Светското првенство кое ќе се одржи по Олимписките игри.

Така Словенците во Париз ќе останат без своите две светски спортски ѕвезди Тадеј Погачар и Лука Дончиќ, бидејќи кошаркарската репрезентација не се пласираше на олимпискиот турнир.

The post Најдобриот велосипедист на денешницата ќе ги пропушти ОИ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK