октомври 24, 2024

Јаник Синер се повлече од Олимписките игри во Париз поради воспаление на крајниците.

Светскиот број 1 не се качи во авионот со своите сонародници поради неименувана болест, но повлекувањето не се очекуваше.

Тој во четврток требаше да пристигне во Париз, но тоа нема да се случи бидејќи ситуацијата е посериозна отколку што се мислеше.

„Со жалење можам да ве информирам дека нема да можам да учествувам на Олимписките игри во Париз. По една недела добар тренинг не се чувствувам добро. Последните неколку дена одморив и отидов на тестови, лекарот ми препорача да не играм. Многу сум разочаран што ќе ги пропуштам ОИ, медела на олимпијадата беше една од главните цели оваа сезона“.

Тоа значи дека Новак Ѓоковиќ ќе биде прв носител на Олимписките игри кои се играат на терените на Ролан Гарос и дека нема да може да се сретне со Карлос Алкараз се до финалето.

The post Синер нема да игра на Олимписките игри appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK