октомври 24, 2024

Саша Везенков, МВП на Евролигата во сезоната 2022/2023 по неуспешната сезона во НБА лигата реши да се врати во Олимпијакос.

Како што пренесува грчката „СДНА“, договорен е трансферот на Везенков во тимот од Пиреја.

Понатаму наведуваат дека Бугаринот решил да се пресели во Олимпијакос и само чудо може да ги искомплицира работите.

Познато е и колку Везенков би заработил во Олимпијакос. Би потпишал петгодишен договор според кој би заработувал 3,7 милиони евра по сезона, а вкупната сум, со бонусите би можела да достигне и 20,5 милиони евра.

Освен тоа, би добил и стан и автомобил, а којзнае уште што.

По оваа информација стана многу појасно зошто Везенков договорил да ја раскине соработката со Торонто Репторс и се откажал од загарантираните 6,6 милиони долари за следната сезона, колку што можел да добие дури и во случај да не одигра ниту една секунда.

Ваквиот расплет треба да го отвори патот за враќање на српскиот репрезентативец Филип Петрушев во Црвена звезда.

The post Везенков се враќа во Олимпијакос appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK