октомври 24, 2024

Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица, нaзначен на денешната седница на Владата, барал мито од осуденици за да добијат правна помош и барање за помилување, дознава Инфомакс.

Зоран Ристов, кој денеска беше назначен за вршител на должност директор во КПУ Струмица и неговата сопруга Македонка Ристова, двајцата вработени во КПУ Струмица, барале мито од осуденици, за што постои и видео снимка од сведоштво на еден осуденик. Настанот е пријавен во МВР и веќе има активна постапка во ОЈО, но нема пресуда за настанот, вели извор од затворот во Струмица за Инфомакс.

Во снимката која ќе ја видите во продолжение, двајца осуденици разговараат, при што едниот осуденик го прашува другиот осуденик колку пари му побарале, дали 300 евра. Другиот одговара дека не се 300 евра, туку 3.000 денари, толку му побарале сопружниците за „да му завршат работа“, односно да пуштат барање за помилување, но кажува дека се 300 евра заради друг затвореник на кој исто така треба да му побараат пари. Тоа би значело дека осуденикот што дал 3.000 денари и на снимка признава дека дал пари, добил попуст, арно ама истиот воопшто не бил пуштен од затвор бидејќи ниту барањето за помилување не било потпишано од него, со што не можело да биде прифатено.

Едниот осуденик го прашува другиот осуденик дали Македонка му е воспитувач, на што осуденикот кој дал мито одговара потврдно и вели дека таа средила се, дека го пратила барањето, но без негов потпис.

Прво барал рушвет, па стана директор на затворот во Струмица..

Еве и видео доказ: pic.twitter.com/O32ThXB5Ai

— iNFOMAX.mk (@InfomaxMk) July 24, 2024

За настанот постои и записник од дисциплинска комисија каде се повикани двајцата осуденици да дадат исказ за случајот.

Како што можете да видите, снимениот осуденик изјавил дека не е измамен од страна на осуденикот кој го снима разговорот и осуденикот објаснува дека работата одела „преку Зоки и Македонка“.

Видеото кое ќе го видите во продолжение е снимено во септември 2023 година, а осуденикот дава 3.000 денари за новоназначениот директор да му заврши работа за помилување во јуни 2023 година.

Како што вели нашиот извор, случајот е прописно пријавен во МВР, а постапка се води и во ОЈО, меѓутоа пресуда се уште нема.

Инаку, затворот, согласно Закон, не наплаќа никаква правна помош за осудениците.

Ова е уште еден од чесните кадри на премирот Мицкоски, назначен на позицијата денеска, иако претходно земал мито за да „заврши работа“ што и вака и така не ја завршил. Останува на органите на прогонот да го расчистат случајот.

КОНТРОВЕРЗНАТА АЛБАНКА СЕ СОБЛЕЧЕ ТОПЛЕС: Отиде во ГРЦИЈА и ги покажа бујните ОБЛИНИ без срам!
Просечната плата во Србија достигна историски 100.000 динари
Тошковски да почне истраги за сите, но и за него и Јанушев!
Владата назначи нови директори на затворите низ Македонија и останати институции
(Видео) ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ЗАПОЧНАА СО ГОЛЕМ СКАНДАЛ – СВЕТОТ СЕ УШТЕ НЕ МОЖЕ ДА СИ ПОВЕРУВА: Мечот заврши 2-2, а два часа подоцна голот беше поништен и Аргентина загуби!
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега стана директор на затвор – Ова се новите чесни кадри на Мицкоски
Исчезна 13-годишно девојче и нејзиното петмесечно бебе
Мицковски пред една ипол година: Живеам од професорска плата и немам дополнителни приходи
Полицаец пронашол камена гробница од античко време на плажа во Бугарија
(Фото+видео) Изгаснат е пожарот во Ново Село – Сѐ почнало од искра, тврдат соседите!
Се појавија деталите за хоророт во Москва: Ги загуби нозете, има врски со војската; Сомнежот падна на Украина

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK