октомври 23, 2024

 

Во организација на Здружението на граѓани „Бигорски манастир“, а со поддршка од Општина Ѓорче Петров, попладнево од реонскиот парк во Ѓорче Петров членови на Скопски коњички марш со коњаница тргнуваат директно за Крушево.

Предвидено е коњаницата да се придружи на централното одбележување на празникот Илинден во Крушево на 2 август.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ги повика граѓаните да дојдат во паркот и да ја поздрават и поддржат коњаницата која го организира овој подвиг во чест на големиот празник.

Годинава се одбележуваат 121 година од Илинденско востание и 46 години од првиот Илинденски марш. Целта на ваквите настани е да се сочува традицијата, културата, македонските вредности и љубовта кон татковината, по пример на храбрите македонски јунаци низ историјата.

The post Скопски коњички марш 2024 од Ѓорче Петров тргнува за Крушево appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK