Во новото интервју, американскиот актер Џон Војт ја нападна својата ќерка Анџелина Џоли, која постојано му изразува поддршка на народот на Палестина.
„Таа е изложена на пропаганда. Таа е под влијание на антисемитистите“, изјави тој за списанието „Варајати“. Тој понатаму тврди дека вистинските информации не и’ се достапни бидејќи луѓето во Холивуд не зборуваат за тоа.
„Тие се целосно исклучени. Тие немаат поим што се случува“, рече тој.
Изјави и дека ја сака својата ќерка и не сака да се расправа со неа.
„Таа беше под влијание на ОН. Од почетокот, тоа беше ужасна ситуација кога станува збор за човековите права. Тие тоа го нарекуваат човекови права, но тоа е само антиизраелско плукање“, рече тој.
Изрази разочараност што неговата ќерка, како што рече, не разбира дека целта на Хамас е уништување на земјата на Евреите.
Анџелина минатата година на Инстаграм изјави дека терористичкиот напад на Хамас врз Израел не може да биде оправдување за изгубените животи во бомбардирањето на цивилите во Газа.
„Ова е целно бомбардирање на заробено население кое нема каде да избега. Газа е затвор на отворено речиси две децении и брзо станува масовна гробница, а 40 отсто од убиените се деца“, напиша таа.
The post Анџелина Џоли не се согласува со татко и’ за Палестинците: „Таа е под влијание на антисемитисти“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде