декември 26, 2024

Новото истражување покажа дека американската актерка Ања Тејлор-Џој е најубавата жена на светот според златниот пресек.

Нејзината убавина била проценета со помош на античкиот грчки метод за сметање наречен златен пресек.

Сметањето го одредува физичкото совршенство на една личност. Колку лицето е поблиску до соодносот 1:1, 618, толку личноста е „посовршена“.

Нејзините очи, веѓи, носот, усните, вилицата и обликот на лицето се измерени и се најблиску до идејата на старите Грци за „жена со совршен изглед“. Последното испитување го направи хирургот Џулијан Де Силва.

Ања го зазеде првото место со резултат од 94,66 проценти. На листата се најдоа и Зендаја (94,37 отсто), Бела Хадид (94,35 отсто), Маргот Роби (93,43 отсто).

„Ања Тејлор-Џој беше јасен победник откако беа измерени сите делови на лицето за да се утврди физичкото совршенство“, рече Де Силва.

Ања е родена во 1996 година. Почна да глуми во 2013. Светската слава ја стекна благодарение на серијата на Нетфликс „The Queen’s Gambit“. Таа глуми и во филмовите „Furiosa: A Mad Max Saga“, „The Super Mario Bros. Movie“, како и серијата „Peaky Blinders“.

The post Актерката Ања Тејлор-Џој е најубавата жена на светот според златниот пресек appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK